Ненси Пелоси: Трамп му го даде „најголемиот подарок“ на Путин

од Nikola Popovski

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, го нарече однесувањето на американскиот претседател Доналд Трамп, подарок за рускиот лидер Владимир Путин.

„Овој претседател е инструмент на Путин. Целта на Путин беше да ја намали улогата, угледот на демократијата во светот. Долго време, негов помошник беше Доналд Трамп“, изјавила Пелоси на конференцијата за
медиумите.

„Претседателот (Трамп) синоќа му го даде најголемиот подарок на Путин досега, а ги имаше многу“, додала таа.

Претходно рускиот сенатор Андреј Климов предупреди дека немирите во Вашингтон може да се искористат за да се обвини Русија за нив.

Да потсетиме, во средата, приврзаниците на сегашниот американски претседател Доналд Трамп, кои се собраа во Вашингтон за поддршка, упаднаа во зградата на Конгресот, прекинувајќи ја седницата на која требаше да бидат одобрени резултатите од последните избори. Полицијата употреби солзавец и шок бомби. Началникот на полицијата во Вашингтон објави дека четири лица биле убиени за време на протестот во градот.

Слични содржини