Необичен пар предизвика бурни реакции во САД: „Вака ли сега ќе одиме во продавница“?

од Stefanija Kuzmanovska

Во продавница во Лос Анџелес, клиентите имале можност да бидат сведоци на нешто сосема необично – девојка го води своето момче во продавницата со поводник, пренесува LADbible.

Фотографијата од овој пар е направена во продавницата за здрава храна Erewhon и е споделена на Твитер, каде што брзо стана вирална и собра повеќе од сто илјади лајкови.

Станува збор за девојка облечена во оскудна облека, која го носи својот покорен партнер на шопинг.

„Бев надвор со мојот покорен партнер и пријателите, снимајќи видео и купувајќи. Застанавме во Erewhon. Имаше многу камери и внимание, но чуварот ни дозволи да влеземе и да купиме се што е потребно“, се огласи подоцна девојката од фотографијата.

На тврдењата на другите купувачи дека таа го камшикувала својот покорен, таа одговорила:

„Го удрив со камшик, но не повеќе од двапати. Се обиде да ја допре мојата нога превисоко на бутот, што не ми се допадна. Во тоа време немаше деца или некој во близина“.

Сепак, нивното однесување предизвика бурна реакција на социјалните мрежи, но и поделени мислења. Додека некои не гледаа ништо лошо во нивниот начин на живот, многумина ги осудија за доаѓањето на јавни места, каде што може да се најдат деца.

Слични содржини