Необични навики: Зошто кучињата уринираат во чинијата со храна, а мачките ги гризат екраните

Нашите миленици имаат некои необични ритуали кои понекогаш можат да не насмеат, но и да не загрижат. Доколку се прашувавте зошто вашите миленици имаат одредени навики кои не можете да ги објасните или разберете, може ќе ви помогне следните појаснувања.

Папагал: Огледалце, огледалце

Папагалите покажуваат интерес за својот одраз во огледалото, што е многу интересна глетка. Она што загрижува е тоа што во еден моменти тие се умилкуваат, а во друг се агресивни, во завосност од големината на огледалото. Причината за тоа збунувачко однесување е фактот дека папагалот не може да го препознае својот одраз.

Единствени птици кои се способни за тоа се гулабите. Што се однесува на папагалите, и покрај нивната интелигенција, не се во состојба да се препознаат себе си во огледалото. Затоа тие својот одраз може да го помешаат со оној на сопарникот или на потенцијален пријател.

Мачките ги гризат екраните

Доколку мачките забележат некоја снимка на лаптоп, компјутел или ТВ, кој ним им е возбудлив, постои можност да го грицнат екранот. Иако не е направено конкретно истражување, се смета дека мачките имаат обичај да го гризнат екранот бидејќи се вознемирени со фактот дека не можат да го допрат или да го нападнат она што е прикажано на видеото, како на пример птици или глувци.

Кај животните кои се ловци, што ги подразбира и мачките, разиграното однесување е врска со ловечкиот инстинкт. Ова однесување не е штетно по мачката, а постои начин да се надоврзете на тоа така што ќе ја играте мачката со играчка или ласер во близина на телевизорот или компјутерот.

Кучињата на необичен начин ја обележуваат територијата

Нашите кучиња имаат навика понекогаш да извршат мала нужда во својата чинија со храна. Станува збор за обележување на територијата, без разлика дали е конкретно во чинијата или во окружување во кое се чува храната. Овој облик на однесување е особено нагласен во домаќинствата во кои има повеќе кучиња.

Постои веројатноста кучето да трпи малтретирање од друго куче, па поради тоа да чувствува потреба за уринирање за да го обележи она што му припаѓа. Во вакви ситуации е препорачливо секое куче да се храни во засебен простор.

Слични содржини