Необично барање до американскиот Конгрес: „Огромното мнозинство од нас во САД сме македонски Бугари“

од Nikola Popovski

Нашите американски предци пред 1945 година беа Македонци и се дефинираа како „Македонци“, но го користеа терминот „македонски Бугари“ или „бугарски Македонци“ за да се разликуваат од другите етнички групи во Македонија. Пред Втората светска војна, „македонски“ не беше етнографски, туку географски поим, а огромното мнозинство Македонци пред 1945 година се дефинираа како македонски Бугари, стои во обраќањето и барањето до Конгресот на САД од Централното раководство на Бугарските патриотски организации во САД, објавија дел од бугарските медиуми.

Според нив, кога во сегашната резолуција на американскиот Конгрес се споменува „македонскиот јазик“, се игнорираат огромното мнозинство Македонци кои зборуваат бугарски, кои придонеле за големината на Америка.

-Оваа резолуција ги признава само етничките Македонци од минатото и сегашноста, кои, сепак, никогаш не биле вистински фактор сè до Втората светска војна, се додава во документот, кој е поднесен до Конгресот.

БПО е најстарата и најважна бугарска политичка организација во Америка. Основан е во 1922 година, а негов печатен орган е весникот „Македонска трибина“. БПО е верна на волјата на Гоце Делчев, Тодор Александров и Иван Михаилов.

Документот го потпишал Ник Стефанов.

Слични содржини