Необјавена снимка: Дали Меси бил сексуално малтретиран на емисија во живо? (видео)

од Nikola Popovski

Шпанскиот весник „Марка“ ископал навистина бизарно видео од 2005 година, во кое може да се види дека Лионел Меси бил сексуално малтретиран од страна на водителите на шоуто „No hay 2 sin 3“. Тој бил допиран за задникот, па дури и за гениталиите.

Најдобриот фудбалер на сите времиња во тоа време имал само 18 години, но иако никогаш не го кренал гласот и не протестирал против ваквото однесување, во видеото јасно се гледа дека му било многу непријатно и дека не му било хумористично вакво однесување на водителите. Веројатно Меси во тоа време се утешил дека се работи за само шега, бидејќи шоуто било хумористично, но тешко е да се замисли дека Аргентинец ќе дозволи такво однесување денес.

Веројатно Меси во тоа време се утешил дека се работи само за шега, бидејќи шоуто било хумористично, но тешко е да се замисли дека Аргентинец ќе дозволи такво однесување денес.

Патем, шоуто „No hay 2 sin 3“ траело само три сезони на аргентинскиот „Канал 9“, а Меси бил поканет во шоуто како гостин, откако во тие месеци го потпишал својот прв сениорски договор со Барселона.

Исклучувајќи го грабнувањето на задникот при влезот во студиото (3:40), еден од најлошите моменти на шоуто што ќе го видите во 5:40.

Слични содржини