Неодговорност: Организирале журка и скара на покрив од зграда, полицијата морала да интервенира (фото)

од Nikola Popovski

Неколку семејства во Палермо, Италија организирале дружба и скара на покривот на нивната зграда среде вонредната состојба и пандемијата со коронавирусот.

Полицијата размислува да поднесе обвиненија, пишува италијанската „Република“.

Во групата биле вклучени родители и деца. Тие направиле скара на покривот, пиеле пиво и слушале гласна музика.

Во Италија, вкупно 19.899 починале од избувнувањето на епидемијата на 21 февруари, а 156.363 се заразени.

Слични содржини