Неофицијално: Уапсен мажот кој се заканувал со бомба во банка во Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Неофицијално е познато дека полицијата успеала да го уапси непознатиот маж и да ги ослободи заложниците, откако маж вооружен со бомба утрово влезе во банка и како заложници зароби тројца вработени во банката, пренесоа светските медиуми.

Во оваа заложничка криза, три лица беа земени како заложници во банка во сибирскиот град Тумен.

Според првите податоци, човекот кој упаднал во банката се заканувал со импровизирана бомба и барал 15 милиони рубли (околу 175.000 евра), пишува „Медуза“.

Околу 50 лица беа евакуирани од зградата во чие подножје се наоѓа банката.

Слични содржини