НЕПРЕПОЗНАТЛИВ: Холивудски заводник целосно трансформиран за потребите на филм (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Пирс Броснан (69) кој се прослави со улогата во филмот за тајниот агент Џејмс Бонд, целосно се трансформираше за потребите на филмот The Last Rifleman во кој глуми воен ветеран.

Броснан е фотографиран на снимањето на новиот филм во кој го игра воениот ветеран Бернард Џордан. Некогаш големиот заводник сега е целосно непрепознатлив бидејќи глуми човек кој има речиси 90 години.

Многумина се согласуваат дека ова е најголемата трансформација на популарен актер кој бил целосно непрепознатлив по улиците во градот.

Актерот кога се појави привлече многу погледи од јавноста, а всушност никој не можеше да поверува дека тоа е тој.

Патем, приказната е инспирирана од ветеранот од Втората светска војна, Бернард Џордан, кој на 89-годишна возраст навистина се искраде од својот дом за стари лица во Источен Сасекс. Тој се качи на автобус до Портсмут, потоа на траект за Франција и се упати кон Нормандија за да ја одбележи 70-годишнината од слетувањето на Денот Д во јули 2014 година.

Медиумите пишуваат дека филмот треба да пристигне во кината следната година.

Слични содржини