Непрепознатлив: Николас Кејџ целосно го промени изгледот поради улога (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудскиот актер Николас Кејџ деновиве го снима филмот „Dream Scenario“ во Торонто и фановите се изненадени од неговата трансформација бидејќи тој целосно се променил за улогата.

Во комедијата „Dream Scenario“, на норвешкиот режисер и сценарист Кристофер Боргли, Кејџ игра запоставен и неуспешен професор кој преку ноќ станува славна личност откако ќе се појави во соништата на сите луѓе на планетата.

Актерот беше тешко да се препознае на снимањето бидејќи е ќелав и има бела брада.

Кејџ и неговата сопруга Рико Шибата неодамна го добија своето прво дете, девојчето Август Франческа Копола Кејџ.

Слични содржини