„Неразбраниот“ син на Синди Крафорд заврши на психијатар

од Vladimir Zorba

Супермоделот Синди Крафорд го испрати својот син на преглед кај психијатар, откако тој направил тетоважа на лицето, на која пишува „неразбран“, а подоцна објавил клип со митралез. Најверојатно, 20-годишното момче се нашло под влијание на лошо друштво, пишува „Дејли мејл“.

Синот на Синди – Присли Гербер, себеси се смета за „лошо момче“ и успешно влегува во оваа слика со тетоважа на лице и клип со тешко оружје.

Сепак, трпеливоста на неговата мајка истекла и таа го принудила да оди кај психијатар.

Според членовите на семејството, ова не е првпат Синди да го испрати својот син Пресли на психијатар.

„Првиот пат беше кога Присли се опиваше и возеше под дејство на алкохол, за што беше уапсен и осуден“, велат блиски до семејството.

Синди Крафорд е позната како строга мајка откако неодамна влезе во конфликт и со својата ќерка, забранувајќи ја да се гледа со познат холивудски плејбој.

Слични содржини