„Нереална бучава во позадина“: Дали опаѓа Западната воена поддршка за Украина?

од Stefanija Kuzmanovska

Западната воена поддршка за Украина опаѓа, пишува американскиот весник „Њујорк тајмс“, наведувајќи го како причина, пред сè, тоа што Западот се сомнева дека Киев е способен да победи во „војната до исцрпување“.

Весникот наведува уште една причина, а тоа е зголемениот скептицизам кон идејата дека испораките на модерно оружје ќе го сменат текот и исходот на настаните во Донбас.

Според американскиот весник, Киев се обидува да му покаже на Западот дека може да победи во конфликтот со помош на западното оружје, кое украинските власти постојано го бараат, а потоа го користат за акции како нападот на Нова Каховка.

Таму, како резултат на нападот на украинските војници со американски ракети ХИМАРС, експлодираа магацини со шалитра, уништени се станбени згради и пазар, оштетена е болница, а загинаа и беа повредени цивили.

Постојаните барања на Киев да го снабдува со повеќе оружје, на Запад почнаа да го доживуваат како „нереална бучава во позадина“, пишува весникот.

Властите на западните земји се загрижени дека украинските војници не се подготвени за контраофанзива.

А некои, особено Пентагон, стравуваат од потенцијално исцрпување на сопствените резерви на оружје во наредните месеци.

Слични содржини