Нереди во САД: Доналд Трамп покажува мускули со Библијата во рака

од Nikola Popovski

Ако државите не преземат акција и не можат да го сопрат насилството, „Јас ќе распоредам војската“, изјавил американскиот претседател и додал: „Ги мобилизирам сите федерални и локални сили, цивилни и воени, за да ги заштитат правата на Американците кои ги почитуваат законите“.

„Ако град или федерална држава одбие да преземе активности потребни за да ги одбрани животите и имотите на своите граѓани, тогаш јас ќе ја распоредам војската и брзо ќе го решам проблемот со нив“, изјавил Трамп во досега невидено обраќање до нацијата, велејќи дека „тој е претседател на законот и редот и сојузник на сите мирни демонстранти“.

Мобилизацијата на вооружените сили за да се стави крај на насилството и беззаконието од страна на претседателот е можно во рамките на Законот за бунт, стар 213 години. Американскиот претседател има право да ја донесе армијата во главниот град, но тоа е различна приказна за сојузните држави … Армијата може да биде распоредена само по барање на гувернерот на таа сојузна држава.

Говорејќи за демонстрантите, Трамп изјавил дека тие се професионални анархисти, Антифа, насилници… Тој не кажал ниту еден збор за причината, не зборувал за потребата од реформа на полициските сили и затворите. Тој вовел полициски час од 19 часот во американската престолнина, но тоа не било почитувано минатата вечер.

Околу 15 минути пред почетокот на говорот, полицијата ги растерала мирните демонстранти. Се користеле солзавец и гумени куршуми, а биле распоредени и полицајци на коњи.

Сликање со Библија во раката

Откако Трамп го одржа својот прилично милитантен говор, тој изјавил: „Сега ќе оддадам почит на многу, многу посебно место“. Тоа посебно место е црквата „Сент Џон“, која се нарекува претседателска црква затоа што секој претседател му се моли на Бога барем еднаш во својот мандат во таа црква лоцирана во близина на Белата куќа. Баш пред таа црква, демонстрантите се собирале пред протестите.

Трамп пешки поминал од Белата куќа низ паркот Лафајет до црквата „Сент Џон“, чиј подрум бил запален синоќа за време на протестот. Потоа застанал пред црквата со Библијата со подигната рака и рекол дека земјата ќе се врати посилна од кога било досега… Очигледно била прекрасна можноста да се слика, но останува прашањето – дали е Трамп претседател на само оние граѓани кои ја држат Библијата во рака?

Потоа му се придружиле неговите најблиски соработници – Вилијам Бар, Дејвид Еспер, Роберт О` Брајан, Марк Медоус, Кејлик Мек Енини… Сето тоа траело кратко време, по што се вратиле во Белата куќа.

Извор: Ал Џезира

Слични содржини