Нервоза во Лондон: Никој од Тотенхем не разговарал со Кејн, ги игнорира подготовките и ужива на Флорида

од Stefanija Kuzmanovska

Времето минува, подготовките се во тек, се ближи почетокот на новата сезона, а Хари Кејн се уште не е блиску до враќање на терените!

Англискиот напаѓач крена голема прашина на Островот затоа што требаше да се појави во понеделникот во тренинг центарот Тотенхем, а тој упорно ги игнорира своите обврски и го поминува времето на одмор во Флорида, што предизвика голема нервоза кај клупските челници и професионалниот персонал. Со своите потези, Кејн се уште се обидува на секој начин да го избоксува трансферот во Манчестер Сити, а како што одминува денот, така се помали се шансите најдобриот играч на „петлите“ да биде во комбинација за да ја отвори сезоната на новиот „Вајт Харт Лејн“ против, внимавајте сега, токму актуелниот шампион на Англија!

Новиот тренер на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто ја шокираше јавноста по ремито со Челси во подготвителниот натпревар (2: 2) со изјавата дека „никогаш не разговарал со Кејн“, но истакна дека се надева дека прашањето за статусот најдобар стрелец може да заврши во клубот.

„Ако ме прашате дали Кејн ќе замине, не е дека не сакам да зборувам за тоа, туку сакам работите да се решат внатрешно. Се обидуваме да избегнеме каква било форма на јавна пресметка. Фокусирани сме на она што е важно за нас и ќе се обидеме да ја решиме ситуацијата што ја имаме преку разговори“, рече Еспирито Санто, додавајќи: „Подготовките за новата сезона беа тешки за секој клуб, секој од својот агол. Се надевам дека наскоро ќе разговарам лично со Кејн, бидејќи досега немав шанса. „Сe за него е внатрешна работа#.

За тоа време, Кејн не се појави во клупските простории. Тој помина време по ЕП со своето семејство на Бахамите, а на враќање во Лондон, застана на Флорида, каде што се одлучи за „продолжен одмор“. На Островот се шпекулира дека клубот е многу разочаран од однесувањето на Кејн, особено од одлуката да остане во САД.

Слични содржини