Несекојдневна акција: Пожарникарите спасија маченце заглавено на бандера! (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Велешките пожарникари вчера имале несекојдневна акција, откако биле повикани да спасат мало маче.

Откако граѓаните не успеале сами да симнат малото маче кое на видеото се гледа како стои на жици од бандера на улицата „Кумановска“, преку фејсбук-објава на здружението за заштита на животните „Гласот на животните“ од Велес, активистите ги повикале пожарникарите да им помогнат во целта.

Набрзо, од здружението објавија уште едно видео, на кое се гледа како пристигнува возилото на противпожарната служба, а потоа и како пожарникарите му пристапуваат на мачето:

 

За среќа не беше заглавено!😂🤦🏼‍♀️Ние сме многу позитивно изненадени од брзата реакција на Противпожарната екипа од Велес, Вие сте херои❤️Има капка надеж за нас!Фала ви од срце!❤️

Публикувахте от Animals' Voice – Здружение за заштита на животни ВЕЛЕС в Неделя, 24 май 2020 г.

 

Најверојатно мачево е заглавено со задната нога меѓу жиците. Луѓе од околните згради пробале да ја симнат, но неуспешно.Мачето е од 7 утрово на жиците!Екипно вака чекаме да пристигне помош од Противпожарна служба-Велес!🤞🏽🤞🏽🤞🏽

Публикувахте от Animals' Voice – Здружение за заштита на животни ВЕЛЕС в Неделя, 24 май 2020 г.

Слични содржини