Несекојдневна глетка во Франција во време на корона: Пијанист свири висејќи на кран и тоа наопаку (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Швајцарскиот пијанист Алан Роше го одржа својот прв настап откако беше укинат карантинот поради коронавирусот на необичен начин, висејќи од кран на 40 метри над земјата.

На необичниот концерт на зградата во францускиот град Нант присуствуваа повеќе од 100 љубители на музика. Тие седеа во столици на расклопување, а им беа дистрибуирани слушалки за квалитетот на звукот биде што подобар.

Публиката беше импресионирана од настапот на Швајцарецот, а еден од присутните рече дека имал „необично и магично искуство“.

 

Слични содржини