Несекојдневна операција: Свири виолина додека ѝ вадат тумор од мозокот

од Elena Daskalova

Во болницата Кингс во Лондон хирурзите изведувале операција за отстранување на тумор на мозок кај виолинистка која во текот на зафатот свирела.

Дагмар Тарнер свирела на виолина, за да може лекарите да ги идентификуваат активните подрачја од мозокот одговорни за свирење и контрола на движењата.

Тие ја разбудиле за време на интервенцијата за да бидат сигурни дека нема да оштетат ниту еден од деловите од мозокот кои ги контролираат движењата на нејзините раце, соопштиле од болницата.

„Знаевме колку за неа е важно да може и понатаму да свири, па затоа ни беше од витално значење да ги зачуваме тие функции“, соопштил неврохирургот Кејумарс Ашкан, додавајќи дека отстраниле 90% од туморот од деловите каде најагресивно делува.

Слични содржини