Нешков: С. Македонија очигледно не сака европска перспектива

од Nikola Popovski

„Резолуцијата за позициите на Република Северна Македонија во преговорите со Бугарија е резултат на длабоката држава, организиран напад за продолжување на конфронтацијата меѓу властите на Софија и Скопје. Сепак, ќе има уште повеќе воздржаност од страна на бугарската страна, но не зависи тоа од нас“, изјавил за БНР Љубчо Нешков, новинар и сопственикот на бугарската агенција БГНЕС.

Тој додал дека не можел да го објасни однесувањето на РСМ, освен неподготвеноста за европска перспектива.

„Постои неподготвеност да се најде решение за вакви елементарни прашања. Тие загубија четири златни години, а веќе можеа да ја надминат Србија … Македонија има потреба од политичка храброст. Не дај боже да тргнат по патот, како што беше спорот со Грција“, истакнува Нешков.

Слични содржини