Нешто од приватниот живот на Вучиќ и Тамара

од desk3

Јавноста во Србија до сега немала многу шанси да види како изгледа сопругата на Вучиќ, иако тој функцијата премиер ја вршеше скоро три години. За неа многу малку се знае, бидејќи новиот претседател до сега избегнуваше да изнесува детали од својот приватен живот во јавноста, барем кога станува збор за сопругата. Познато е дека Тамара, завршила Факултет за политички науки, како и дека е вработена како советничка во Министерството за надворешни работи. Минатата година се појави и на Белиот двор по повод Осми март, каде била нагостена од принцезата Катарина Караѓорѓевиќ.

На вчерашната инаугурација имаше специјална улога – заедно со новиот претседател дочека повеќе од 5.000 гости во Палатата Србија. Тамара и Александар Вучиќ пред две недели го добија синот Вукан. Од првиот брак српскиот претседател има уште две деца,  син Данило и ќерка Милица.

 

Слични содржини