Нешто пред 21 часот, вечерва нов силен земјотерс почуствуван во Скопје

од Vladimir Zorba

cfb78c7d-fc54-4953-ba6c-96802336c551_w987_r1_s-1

Нешто пред 21 часот, вечерва нов силен земјотрес почуствуван во Скопје. Граѓаните во паника повторно ги напуштија своите домови.

Илјадници граѓани на Скопје и околината се вознемирени  и ги напуштија своите домови. Стравот се всели во коските откако главниот град и неговата околината беше погоден од земјотрес  со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер.

По него стотина лица побарале лекарска помош во скопските болници и амбуланти. Само 40-тина лица биле примени во градската болница „Наум Охридски“, а уште толку во болницата „8 Септември“.

Најчесто луѓето се повредиле при бегање од своите домови. Притоа,а неколкумина се здобиле со скршеници. Во болницата „Наум Охридски“ се задржани на лекување 3 пациенти, меѓу кои и една жена која паднала од тераса од први кат, при што се здобила со скршеници на нозете. Во болницата „8 Септември“ нема хоспитализирани пациенти со повреди од денешните земјотреси.

Десетина лица побарале помош и во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но засега нема информации дека има посериозно повредени.

Епицентарот на земјотресот регистриран попладнево во Скопје во 15,10 часот бил на 7 километри источно од Скопје.

Според Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотерсно инжинерство од Скопје, земјотреси со овој интензитет не можат да предизвикаат уривање на објекти туку само помали оштетувања.

Меѓу штетите предизвикани од земјотресот беа пријавени скршени прозорци, распукани фасади и оштетени автомобили.

Земјотресот предизвика и пречки со комуникацијата во мобилната телефонија, а во некои делови од градот прекинато е снабдувањето со електрична енергија.

Земјотресот е почувствуван и во повеќе места низ државата, како и во Србија и Косово. Новите потреси следат откако утринава во истото епицентрално подрачје беа регистрирани два потреси  со јачина од 3,9, односно од 2,8 степени по Рихтер.

 

Градските власти упатуваат и на Упатството за самозаштита на граѓаните од земјотреси: http://www.dzs.gov.mk/extra/doc/Upatstvo_-_zemjotresi.pdf .

Слични содржини