Несовесни граѓани: Молчeла дека била на роденден каде што имало позитивен на коронавирус, па заразила 10 лекари и медицински сестри

од Nikola Popovski

Неверојатни сцени во Хрватска – една жена (65) не им кажала на лекарите дека била на роденден каде гостинка била заразена со коронавирус, па кога дошла на преглед заразила десет лекари и медицински сестри.

Дури десет медицински работници од подрачјето на Крижевац во Хрватска морале да одат во изолација под сомнение дека добиле симптоми на коронавирус од еден пациент,

„Хероината“ на приказната, стара 65 години, била на роденденска забава каде имало заразен дефектолог од Загреб. Пациентката се заразила во тоа време и кога отишла на рутински преглед кај својот матичен лекар пријавила дека има само болка во градите и кашлица, но не кажала дека била на фаталниот роденден.

На 26 март, жената повикала брза помош затоа што била болна и се сомневала за пневмонија. Брзата помош интервенирала и ја пренеле во болница во Копривница. Бидејќи премолчила дека била во контакт со сомнително лице, таа била испратена дома само со терапија. Четири дена подоцна нејзината состојба се влоши и тогаш било откриено дека има коронавирус.

Слични содржини