Актуелно
Почетна / Хроника / Неспроведувањето на возачот на „Дурмо турс“ го одложи рочиштето за „Ласкарци“

Неспроведувањето на возачот на „Дурмо турс“ го одложи рочиштето за „Ласкарци“

Неспроведувањето на обвинетиот Маноил Труфуновски, возачот на автобусот на „Дурмо турс“, е причина за одложувањето на денешното рочиште за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари минатата година кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

Фото: Борче Поповски

Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

loading...