Несреќа или убиство: Руска манекенка се снимала за веб-страница за возрасни, па паднала од балкон

од Stefanija Kuzmanovska

Евгенија Симонова (37), руска манекенка, се здобила со фатални повреди на главата откако, најверојатно под дејство на дрога, паднала од балкон од 8-ми кат во станбен комплекс во одморалиште во Пукет, Тајланд.

Според „Мирор“, Русинката непосредно пред смртта емитувала видео во живо на веб-страница за возрасни.

Симонова на 25 мај отпатувала за Пукет, Тајланд, а нејзиното тело било пронајдено во раните утрински часови во вторникот.

По инцидентот, друга Русинка по име Наталија Косенкова е приведена со двајца мажи, под сомнение дека заедно со Симонова  конзумирале дрога.

Жената која беше уапсена ги негираше извештаите на тајландските медиуми дека се занимавала со проституција, и покрај тврдењата дека тајландските власти пронашле обвивки од кондоми и мелен канабис на местото на забавата.

Таа изјавила и дека до таа вечер не го познавала Симонова.

„Таа штотуку дојде на забавата на која бевме. И покани пријател кој исто така дојде и се однесуваше несоодветно“, рече Коснекова.

Полицискиот генерал-мајор Сермфан Сирикон изјави дека има три опции – дека се работи за несреќа, самоубиство или убиство.

Слични содржини