Несреќа во Германија: Воз излета од шини, тројца загинати (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Три лица загинаа, а десетици се повредени кога воз кој се движел кон Минхен денеска излета од шините на Алпите во јужна Германија, соопшти федералната полиција.

Три вагони делумно се превртеле околу 12.15 часот, а луѓето на безбедно биле извлечени од прозорците.

Нема информации за точниот број на патници во возот во моментот на несреќата, но 60 од нив се згрижени поради полесни повреди, додека 16 од нив се тешко повредени.

Линијата помеѓу блиското одморалиште Гармиш-Партенкирхен и градот Оберау е затворена до натамошно известување.

Причината за несреќата се уште не е позната.

 

Слични содржини