НЕСРЕЌА ВО РУСИЈА: Се урна авион со падобранци, четворица загинати

од Nikola Popovski

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени при принудно слетување на авион Л-410 во регионот Кемерово на Сибир.

Според медиумите, по полетувањето, еден од моторите откажал, била донесена одлука за присилно слетување, но кога пилотот започнал да го спушта авионот, имало проблеми бидејќи наишле на шумско подрачје.

На лице место биле испратени брза помош и хеликоптер за евакуација на повредените.

Членовите на локалниот падобрански клуб биле во авионот и се подготвувале да скокаат.

Меѓу загинатите има двајца пилоти и двајца инструктори.

„Авионот полета од аеродромот Танај, а потоа падна на левото крило“, се вели во соопштението, пренесува руската новинска агенција ТАС С.

Слични содржини