Нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

од Vladimir Zorba

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења и услови за појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневната температура ќе се движи од 18 до 30 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе достигне до 28 степени.

Слични содржини