Несторовиќ: Поранешните комунистички земји се поотпорни на короната

од Vladimir Zorba

Српскиот доктор Бранимир Несторовиќ вечерва на РТС зборуваше за моменталната состојба на епидемијата на коронавирус и што нè чека во иднина. Несторовиќ прво зборуваше за големата разлика помеѓу ставовите на луѓето кон епидемијата на коронавирус сега и од времето пред седум дена.

– Преминот од страв во целосна релаксација беше моментален. Луѓето, со исклучок на јавниот превоз, делуваат како ништо да не се случува. Минатата недела, во ова време, тие беа преплашени, а сега имам впечаток дека браната се проби – рече д-р Несторовиќ.

Тој потоа се осврна на состојбата во светот и ги посочи индикаторите што ја ублажиле епидемијата во одредени земји.

– Читав напис во кој податоците покажуваат дека поранешните држави од комунистичкиот блок подобро поминале – рече Несторовиќ и напомена дека источниот дел на Германија подобро се снаоѓа со епидемијата од коронавирус отколку западниот дел и дека веројатно е под влијание на менталитетот и здравствениот систем како наследен од поранешниот режим.

Слични содржини