Нетанјаху и официјално си замина

од Nikola Popovski

Бенјамин Нетанјаху и неговото семејство ја напуштија официјалната резиденција на израелскиот премиер денес, скоро еден месец откако долгогодишниот лидер беше сменет од функцијата по формирањето на новата влада.

Портпарол на семејството потврди дека семејството Нетанјаху ја напуштило резиденцијата на улицата Балфур во Ерусалим нешто после полноќ, во согласност со крајниот рок договорен минатиот месец со новиот премиер Нафтали Бенет.

Резиденцијата стана симбол на скандалите на Нетанјаху и местото на неделните протести против него во текот на изминатата година.

Слични содржини