Нетанјаху: Израел ќе продолжи да возвраќа силно на нападите на Хамас

од Vladimir Zorba

На седмиот ден од израелско-палестинскиот конфликт, израелскиот премиер во заминување Бенјамин Нетанјаху вети дека Израел „ќе продолжи да возвраќа силно“ на ракетните напади на Хамас.

Најмалку тројца Палестинци загинаа во денешните воздушни напади на израелските воздушни сили, соопштија здравствените власти, а членовите на Хамас продолжија да го ракетираат Тел Авив и ги принудија граѓаните да се повлечат во засолништата.

Меѓународната заедница ги повика двете страни да престанат со натамошна ескалација на конфликтот, а американскиот претседател Џо Бајден изрази загриженост за моменталната состојба во телефонскиот разговор со Нетанјаху и палестинскиот лидер Махмуд Абас вчера.

За попладнево е закажана седница на Советот за безбедност на ОН за конфликтот Израел-Палестина.

Слични содржини