Нетанјаху: Нашите непријатели сега ја знаат цената на агресијата

од Nikola Popovski

Во текот на своето последно обраќање до јавноста, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, рече дека израелските одбранбени сили (ИД) му нанеле такви удари на Хамас што ги „уназадувало“ со години. Тој додаде дека армијата ќе продолжи со операциите се додека е потребно да се врати мирот за сите граѓани на Израел.

„Сигурен сум дека сите наши непријатели околу нас ја гледаат цената што ја наплатуваме за агресија против нас и сигурен сум дека ќе извлечат заклучоци“, рече Нетанјаху.

Од друга страна, високиот функционер на Хамас, Абу Марзук, изјавил дека тие се подготвени за прекин на огнот, но дека Израел бара Хамас целосно да се откаже од оружјето, без никакво одрекување од спротивната страна.

Тој предупреди дека ракетниот оган ќе продолжи доколку Израел продолжи со планираното иселување на палестинските семејства во Источен Ерусалим или во населените места околу џамијата Ал-Акса.

Слични содржини