Нетанјаху падна: Договорена коалиција за нова влада

од Nikola Popovski

Противниците на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постигнаа договор за формирање коалиција.

Драматичната најава на опозицискиот лидер аир Лапид и неговиот сегашен коалициски партнер Нафтали Бенет следи неколку моменти пред полноќ, кога беше крајниот рок за формирање коалиција.

Во објава на Твитер, Лапид изјави дека претседателот на Израел, Рувен Ривлин, веќе е информиран.

„Оваа влада ќе работи за сите граѓани на Израел, оние кои гласаа за неа, но исто така и оние кои не гласаа. Ќе сториме сè за да го обединиме израелското општество“, напишал Лапид.

Слични содржини