Нетанјаху: Се обидов да направам влада на широко единство, не успеав

од Vladimir Zorba

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека се откажува од напорите да формира нова влада, откако не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот по изборите во септември.

Нетанјаху, кој ја предводи партијата Ликуд, рече дека му го враќа мандатот на израелскиот претседател Рувен Ривлин, откако работеше, како што рече, на „воспоставување влада на широко единство“.

Ривлин рече дека во наредниот период ќе одржи консултации со различни политички партии за да ги информира дека мандатот за формирање нова влада ќе му го даде на ривалот на Нетанјаху и лидер на партијата Бело-Сино Бени Ганц.

Ако и Ганц не успее да формира влада, тоа најверојатно ќе доведе до нови парламентарни избори, трети од април.

Слични содржини