Нетанјаху: Се случи најголемата изборна измама во историјата

од Vladimir Zorba

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека новоформираната политичка коалиција која има намера да го отстрани од премиерската позиција е формирана како резултат на „најголемата изборна измама во историјата на демократијата“.

Нетанјаху своите обвинувања ги базира нанеостварени предизборни ветувања на Нафтали Бенет, националист кој треба да го замени за премиер на Израел, истакнувајќи дека Бенет минатата среда објави коалициски сојуз со лидерот на опозицијата, центристот Жаир Лапид, иако вети дека нема да се здружува со левичари, центристи и арапски партии.

Обвинувањата беа изнесени веднаш откако шефот на израелската служба за државна безбедност јавно предупреди на можноста за избувнување на политичко насилство во земјата, пренесе Ројтерс.

Иако не е утврден датум за израелскиот парламент да прогласи нова влада во израелскиот парламент, се очекува тоа да се случи на седницата на 14 јуни, додава британската агенција.

Слични содржини