Нетанјаху ѝ се заблагодари на С. Македонија за поддршката на Израел

од Nikola Popovski

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера им се заблагодари на Твитер на земјите кои го поддржаа Израел во последните судири со Палестинците, вклучително и трите земји од Западен Балкан.

„Ви благодарам што решително стоите покрај Израел и го поддржувате нашето право на самоодбрана од терористички напади“, напиша тој на својот официјален профил на Твитер, како што објави „Ал Џезира“.

Тој ги објави знамињата на земјите за кои тврди дека ги поддржуваат израелските напади врз појасот Газа и на Западниот брег, а меѓу 25-те земји, на второ место, веднаш зад знамето на САД, се наоѓа знамето на Албанија, петто е знаме тона Босна и Херцеговина, додека 21-то е македонското знаме.

Објавата на Нетанјаху предизвика многу реакции, претежно од индиските корисници на Твитер, кои му замерија на израелскиот премиер што не ја споменува нивната земја меѓу оние што ги поддржуваат израелските операции.

Објавата има повеќе од 19.000 одговори и 43.000 „лајкови“.

Слични содржини