Нетанјаху се заканува: Ќе ги засилиме нападите врз Газа

од Nikola Popovski

Израелскиот премиер во заминување Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ќе ја зголеми силата и зачестеноста на нападите врз Газа.

Тензиите меѓу Израел и Газа достигнаа точка на вриење во понеделникот откако беше извршен ракетен напад од палестинска територија на југот на Ерусалим.

Како одговор на нападот, Израел возврати со бомбашки напад, погодувајќи ги целите на Хамас и Исламскиот џихад. Околу 5.000 војници во резерва беа мобилизирани во Израел.

Газа испука стотици ракети кон Израел во понеделникот, само неколку часа откако радикалната група Хамас му постави ултиматум на Израел да ги повлече трупите од областа на џамијата Ал-Акса и населбата на Стариот град во источен Ерусалим. Како одговор, Израел изврши серија воздушни напади врз објектите на Хамас и Исламскиот џихад.

Ракетните напади се случија во време на нагло зголемување на тензиите по одлуката на израелскиот суд за протерување на неколку палестински семејства од Ерусалим.

Слични содржини