Нетанјаху веќе прогласи победа на својот блок на изборите

од Stefanija Kuzmanovska

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прогласи „голема победа“ на неговиот десен блок на парламентарните избори во Израел, и покрај фактот што официјалните резултати можеби нема да бидат познати со денови, пренесува АП.

Агенцијата наведува дека во изјава на Фејсбук доцна синоќа, Нетанјаху порачал дека Израелците ѝ донеле голема победа на десницата и партијата Ликуд под негово водство.

Според излезните анкети пред изборите, Ликуд важеше за најсилна поединечна партија, а предност имаа десничарските партии, но некои од тие партии не се согласуваат со политиката на Нетанјаху, па затоа е нејасно дали тој ќе може да формира влада доколку се остварат тие предвидувања, пренесува АП.

Слични содржини