Нетфликс снима филм за Ѓоковиќ и хаосот во Австралија

од Nikola Popovski

Според најавите од Велика Британија, Новак Ѓоковиќ би требало да биде ѕвезда на серијата на Нетфликс посветена на настаните во Австралија.

Ѓоковиќ е во своевидна неизвесност од ноќта меѓу средата и четвртокот, откако австралиската влада прво донесе одлука за укинување на визата, депортација, а потоа беше усвоена жалбата и процесот беше префрлен на Федералниот суд.

Судијата Ентони Кели пресуди во корист на Новак, но тоа беше само почеток на голема драма, бидејќи и покрај се, австралиската влада конечната одлука ќе ја донесе во четврток.

И додека целиот свет го чека исходот од таа приказна, Дејли Мејл носи ексклузивна информација дека маките на Ѓоковиќ во „земјата на кенгурите“ ќе бидат овековечени во форма на серија зад која стои Нетфликс.

Како што пишува Дејли Мејл, снимањето е веќе започнато, а серијата треба да овозможи увид во голем број настани „зад сцената“.

Се уште не се знае колку епизоди треба да има, ниту кога треба да се емитува.

Слични содржини