Нетфликс снима реално шоу за Џорџина на Роналдо

од Stefanija Kuzmanovska

Џорџина Родригез, инфлуенсерка на Инстаграм, модел и вереница на славниот фудбалер Кристијано Роналдо, потпиша договор со Нетфликс за нова шпанска серија која едноставно ќе се вика „Џорџина“.

Документарецот и реално шоу во едно ќе го следат нејзиниот секојдневен живот и ќе ни дадат увид во семејната динамика со Кристијано. Аргентинската инфлуенсерка веднаш се пофали со својата нова деловна можност на Инстаграм, каде има 24 милиони следбеници.

„Многу сум возбуденa и среќна за овој нов проект. Благодарам на семејството“, напиша таа и го обележа Нетфликс, а стриминг сервисот ѝ посака добредојде во семејството Нетфликс.

Досега, младата Аргентинка многу добро профитираше од врската со фудбалерот, склучувајќи бројни договори со познати модни куќи и брендови, а покрај сето тоа, Роналдо ѝ дава „џепарлак“ месечно, тврди извор.

Слични содржини