„Нетфликс“ влегува во индустријата на видео игри

од Vladimir Zorba

Популарна стриминг услуга, Нетфликс бара извршен директор кој ќе го надгледува воведувањето на видео игри, пишува Ројтерс.

Ова е знак дека компанијата ги засилува своите напори да се оддалечи од својот традиционален бизнис, бидејќи се интензивира конкуренцијата во стримингот.

Овој потег доаѓа во време кога индустријата за видео игри цвета.

Индустријата за видео игри беше голем победник во пандемијата благодарение на фактот што многумина беа принудени да останат во своите домови и во овој период минатата година значително се зголеми побарувачката за видео игри.

Иако нема официјално соопштение за таа позиција, односно сè уште не е забележано, изворите забележуваат дека „Нетфликс“ контактирал со многу познати личности од светот на игрите, сè со цел да разговара за потенцијалната улога во нивната компанија.

Нетфликс добро ја познава индустријата за видео игри, бидејќи тука е видео играта „Stranger Things“, додека „Black Mirror: Bandersnatch“ добро помина кај корисниците.

Иако деталите за стратегијата сè уште се скриени, одлучено е дека игрите нема да содржат рекламирање.

Слични содржини