Нетс им изнајмувале на своите ѕвезди вили, за да поминуваат време со своите љубовници

од Vladimir Zorba

Бруклин Нетс направи тим со голем број sвезди како Кевин Дурент и Кајри Ирвинг за освојување на титулата. Повредите ги спречија минатата и оваа година, но раководството на Нетс направи се што е во нивна моќ.

Најпрво го доведоа ДеАндре Џордан, потоа им дозволија да се ослободат од тренерот Кени Аткинсон и да го изберат Стив Неш за негов наследник, го толерираа исчезнувањето на Ирвинг од клубот за една или две недели од приватни причини, а потоа ја донесоа третата суперѕвезда Џејмс Харден, кој веќе беше познат по посебниот третман во „ракетите“ од Хјустон.

Мет Саливан, наградуван новинар и автор на книгата „Can’t Knock the Hustle on the Nets“ за предизвиците на сезоната 2019/2020, во емисијата на Дан Ле Батард раскажа како Нетс им обезбедувале и им плаќале на своитеsвезди за сè што сакале, дури и изнајмувајќи им вили за да поминат време со своите љубовници.

„Многу висок функционер на Нетс, кој се занимава со финансии, ми рече дека клубот работи со многу бланко чекови од нивното пристигнување. Може да биде изнајмување куќа во Калифорнија седум дена за да поминете време со девојка или љубовница, да поминете време со пријатели или некоја опрема за случајни работи. И тоа е во ред со нив“, рече Саливан.

Тој исто така раскажа како ги прекршиле правилата за време на пандемијата.

„Тие едноставно изнајмуваат куќа на сметка на клубот. Овие момци не плаќаат многу со своите пари. Финансискиот тим на Нетс секоја недела ги разгледува сметките и смета дека имаат сè под контрола, а потоа наидуваат на нови трошоци и го прилагодуваат буџетот. И секој проклето пат наоѓаат нешто ново. Голем дел од работите што ги прават Нетс не се чисти, па затоа тие изградија таков ѕид околу себе и сè што прават. На пример, среде пандемија, Кајри, Кевин Дурент и нивните пријатели од тимот тренираа во старата сала на Коби во Калифорнија. Беше забрането, но тие одржаа тајни тренинзи со цел Ирвинг и Дурент да се вратат во форма“, рече новинарот.

Правилата на колективниот договор забрануваат какво било обештетување за играчите надвор од оние наведени во договорите. Прекршувањето на овие правила може да резултира со високи казни, па дури и раскинување на договорот.

Единствено прашање е како НБА лигата ќе ги разбере овие зборови и дали ќе отвори истрага, бидејќи има многу сиви области во целата приказна. На пример, никој нема да го гони претседателот на клубот кој му платил на играчот за вечера, но неделното изнајмување на куќата на сметка на клубот со цел играчот да се забавува со љубовницата сепак може да падне под посериозни трошоци, т.е. прекршувања.

Слични содржини