Неутралната Швајцарија воведува санкции кон Путин и Русија

од Vladimir Zorba

Неутралната Швајцарија сепак ќе ги усвои санкциите на Европската унија против Русите вклучени во инвазијата на Москва врз Украина и ќе ги замрзне нивните средства, соопшти владата во понеделникот, пренесе Ројтерс.

„Со оглед на континуираната воена интервенција на Русија во Украина, Федералниот совет денеска одлучи да ги усвои пакетите санкции наметнати од ЕУ на 23 и 25 февруари“, се вели во соопштението на владата.

Швајцарија, исто така, усвои финансиски санкции против рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кои ќе стапат на сила веднаш, се вели во соопштението.

„Швајцарија ја потврдува својата солидарност со Украина и нејзиниот народ, ќе обезбедиме помош за луѓето кои побегнаа во Полска“, соопшти владата, обновувајќи ја својата понуда да посредува во спорот.

Слични содржини