Невакцинирани Грци против владините мерки

од Stefanija Kuzmanovska

Илјадници демонстранти на улиците на Атина, во Солун, во поворка од дури 12.000 антиваксери со пароли: „Слобода“, „Не за задолжителна вакцинација“, „Не сакаме чипување и нацистички вакцини“, пренесе „Политика.рс“.

Некои носеа грчки знамиња, икони, крст во рацете, меѓу нив имаше и свештени лица, додека член на Националниот совет на движењето „Слободни луѓе“, Михалис Пачикас, во име на оние кои сметаат дека обврската за вакцинација ги задушува човековите права и слободи, рече дека „владата на Мицотакис мора да падне, бидејќи поделбата на вакцинирани и оние што одбиваат е демонстрација на фашизмот“.

Бран незадоволство против вакцинацијата избувна минатата недела, најпрво во Солун, за полека да се прошири низ целата земја.

Одлуката на владата вакцината да биде веднаш задолжителна за сите вработени во домовите за стари лица и центрите за рехабилитација, при што оние што нема да се вакцинираат ќе бидат суспендирани од работните места без да добијат плата на 1 август, инсистирајќи на истата мерка што побрзо да се примени сите медицински работници, припадници на армијата, очигледно, исто така, вработени во областа на туризмот и угостителството, а можеби и наставниците, ги ипровоцира антиваксерите да излезат на улиците. Тие најавуваат дека ова е само почеток и дека ќе се собираат секој ден за да ги убедат сите оние кои сè уште се двоумат да се приклучат на движењето против вакцинацијата.

Слични содржини