Неверојатен гаф на Буш: „Брутална инвазија на Ирак, мислам, на Украина (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја нарече инвазијата на Ирак „брутална“ и „неоправдана“, а потоа се поправи велејќи дека всушност мислел на руската инвазија на Украина.

Грешката се случи во средата за време на говорот во Далас во кој Буш ја критикуваше руската политика.

„Резултатот (на таквиот систем во Русија) е недостатокот на контрола и рамнотежа, што му овозможи на еден човек да изврши целосно неоправдана и брутална инвазија на Ирак“, рече Буш, а потоа одмавна со главата и се поправи: „Мислам, Украина“.

Потоа се пошегува дека годините очигледно си го прават своето, што ја насмеа публиката.

Соединетите Американски Држави ја предводеа инвазијата на Ирак во 2003 година, кога Буш беше претседател, со изговор дека земјата поседува оружје за масовно уништување, кое, сепак, никогаш не беше пронајдено. Стотици илјади луѓе ги загубија животите во долготрајниот конфликт, а многу повеќе ги напуштија своите домови.

Коментарот на Буш брзо стана вирален на социјалните мрежи, собра над три милиони прегледи само на Твитер откако снимката беше објавена од репортер на „Далас њуз“.

 

Слични содржини