Неверојатен подвиг: Претрчал 40 километри на -52 степени во Сибир

од desk2

Италијанскиот љубител на екстремните спортови, Паоло Вентурини, претрчал скоро 40 километри на температура од минус 52 степени Целзиусови во подрачјето Омјакон во руската Република Јакутија, соопштиле од локалното одделение за надворешни односи.

Од прес службата на одделението соопштено е дека Вентурини трчал три часа, 54 минути десет секунди и во тој период поминал оддалеченост од 39,12 километри од Томтор до Омјакон.

Маратонецот бил следен од тим на лекари, преведувач и камерман, кој снима документарец за патувањата на Италијанецот во Русија, јави Тасс.

Вентурини, кој работи како полицаец во италијанскиот град Падова, минатата година претрчал 75 километри во иранската пустина, каде температурата достигнала 67 степени Целзиусови.

Италијанецот има голем број на обожаватели, како од Италија така и од останатите земји, кои ги следат неговите подвизи.

Слични содржини