Неверојатен пресврт на ПСЖ, сонот за титулата останува жив!

од Vladimir Zorba

Пари Сен Жермен е првиот полуфиналист во ЛШ! Францускиот шампион одигра инфарктни последни секунди од четвртфиналето против Аталанта и продолжува да сонува за највредниот трофеј во клупскиот фудбал.

ПСЖ победи со 2-1, откако во самиот финиш на регуларното време губеше 0-1, по голот на Марио Пашалиќ во 27. минута. Маркињос изедначи во 90-тата, а кога сите очекуваа дополнително време, резервата Ерик-Максим Чупо-Мотинг донесе толку вреден успех на парижаните.

Победата дојде на 50-тиот роденден на ПСЖ, кој не стигнал до првите четири во Лигата на шампионите од 1995 година. Аталанта немаше ниту едно учество на турнирот и стана првиот дебитант што стигна до четвртфиналето по Лестер во 2017 година.

Големата sвезда на парижаните Нејмар направи неколку промашувања на натпреварот, но тие не беа фатални, поради силното вклучување на Килијан Мбапе и џокерот Чупо-Мотинг.

Следниот противник на ПСЖ ќе биде победник на утрешниот натпревар помеѓу Атлетико Мадрид и РБ Лајпциг.

Слични содржини