Неверојатна промена во изгледот на Ријана: Нема долга коса повеќе (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Новиот месец донесе нови промени, а тука спаѓа и драстично поинаквиот изглед – барем за Ријана. Пејачката синоќа го покажа својот пикси-кат, додека одеше на вечера.

Она што исто така го забележавме е нејзиниот стајлинг. Пејачката важи со личност која го поврзува неспоивото и изгледа фантастично.

Нејзиниот стајлинг е многу скап. На себе носеше јакна Dior, топ Hiein Seo, панталони Chrome Hearts направени токма за неа, очила за сонце Версаче и потпетици The Attico.

Ова не е првпат Ријана да има ваква фризура. Пејачката исто така ја скрати косата во 2012 година, а публиката беше воодушевена од промената.

Слични содржини