Неверојатна сличност: Оваа тинејџерка е вистински клон на Аријана Гранде (ФОТО)

од Elena Daskalova

Пејџ Ниман има 14 години, а уште откако наполнила 10 години нејзините блиски ја споредуваат со мегапопуларната Аријана Гранде.

Таа одлучила да ја искористи оваа сличност, а веќе има и милионски број на следбеници на Инстаграм и тоа само поради единствениот факт што личи како родена сестра на пејачката.

Наводно, Пејџ покрај стилот на облекување и шминката, веќе се обидува и да го имитира гласот на Аријана. Но, не на секого му се допаѓа тоа. Голем број корисници на Инстаграм веќе ја советуваат да престане да ја имитира пејачката и да се обиде да стекне слава самата.

„Има фини луѓе на кои им е симпатично ова, но има и обожаватели на Аријана кои се дрски и ме обвинуваат дека премногу ја имитирам“, изјавила Пејџ.

Од друга страна, таа постојано добива совети дека е во возраст во која лесно може да дојде до криза на идентитетот и дека мора да престане со имитациите.

Слични содржини