Неверојатна снимка од Босна: Мечка паднала во бунар, мештаните ја извлекле со трактор (видео)

од Nikola Popovski

Во Босна и Херцеговина, во близина на градот Козо, недалеку од езерото Рамско, мечка доживеала вистинска несреќа – откако се изгубила, паднала во бунар. За нејзина среќа, мештаните ја пронашле, брзо се организирале и успеаја да ја извлечат со помош на трактор.

Ова се случило во шумата на подрачјето на општина Прозор, наведува „Дневни аваз“.

Снимките од спасувањето на мечката, која била „заробена“ во бунарот у успеала да ја задржи главата над површината на водата, се објавени на Фејсбук.

Публикувахте от Ramski Vjesnik в Вторник, 19 май 2020 г.

На снимките се гледа дека мечката, веројатно повеќе збунета од исплашена, само пливала наоколу, обидувајќи се да најде излез.

Луѓето прво се обиделе да ја извлечат со помош на дрво, но не успеале, па решиле со помош на трактор.

На задоволство на сите, мисијата за спасување на мечката била успешно завршена.

Публикувахте от Ramski Vjesnik в Вторник, 19 май 2020 г.

Слични содржини