Неверојатни снимки од спасување деца од Русија: Ги спасиja од пожар на 3-ти кат со качување по олук (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Жители на рускиот град Кострома спасија три деца од пожар во стан на трети кат, качувајќи се до него по олук.

Моментот на спасување на децата го снимиле луѓе кои живеат во куќата од другата страна на улицата, пренесуваат руските медиуми.

На видеото се гледа како маж се качува по олукот до станот, го зграпчува детето со едната рака и му го пренесува на човекот под него.

Како ова да не беше доволно страшно, спасувачите мораа да сторат сé со едната рака, бидејќи со другата се држеа за цевките.

За среќа, тие успеаја да ги однесат на безбедно сите три деца, пренесуваат медиумите.

Пожарот избувнал во станот на третиот кат, а бидејќи вратата била заклучена, соседите решиле да реагираат пред да пристигне пожарна.

– Во станот имаше три деца, најстарото има 11 години, а најмалото две. Децата случајно го запалиле каучот во кујната – потврдија надлежните.

Родителите наводно ја заклучиле вратата и ги оставиле децата сами, кои си играле со запалка и случајно предизвикале пожар.

Пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот, а градот подготвува награди за мажите што ги спасија децата.

Слични содржини