Неверојатни сцени: Том Круз спасува снимател на покрив на воз во движење!

од Vladimir Zorba

Иако го скрши скочниот зглоб на снимањето на филмот „Невозможна мисија 6“ што го одложи производството на таа хит-франшиза за шест месеци, Том Круз (58) сè уште е бестрашен.

Така, во „Невозможна мисија 7“, тој, на ужас на продуцентите, инсистира на тоа сам (најчесто) да ги изведува своите акробации наместо вообичаените каскадери, што се докажа со најновите фотографии од снимањето на тој филм во Велика Британија.

Поставката е железничка пруга во Северен Јоркшир, а дејството се одвива на покривот на товарен воз, кој секако е во движење, а по него трчаат главните ликови, вклучувајќи ја и филмската девојка на Круз, Хејли Атвел.

Секако, филмската екипа мора да биде со нив на возот, а дека ни тие не се во завидна позиција, и покрај исклучителните безбедносни мерки, покажа вчерашниот ден на сетот.

И токму поради вистинската драма и спасување, Том Круз е повикан во медиумите – вистински акционен херој, човек кој не се штеди само на големите екрани, туку и во реалниот живот.

Имено, за време на снимањето на сцената на бркотницата на воз кој превезува јаглен, еден од снимателите изгубил рамнотежа и се лизнал од товарниот воз и останал да виси, за среќа прицврстен со појаси.

Круз застанал и започнал да му помага на снимателот за да го спречи да се лизне надолу, влечејќи го назад до покривот на возот. Не било воопшто лесно, затоа што снимателот имал голема, многу тешка камера со себе.

Колку што може да се види од фотографиите, 58-годишниот актер бил обезбеден, но само со тенки, едвај видливи кабли, за да не се забележи во филмот.

„Дејли меил“ пишува дека 39-годишната Хејли Атвел ја гризела усната од нервоза додека ја гледала драмата, а и другите членови на филмската екипа, кои беа на другиот крај од покривот на возот што брзаше, исто така набрзина дојдоа на помош. Актерката подоцна беше видена како разговара со снимателот кој се лизна, очигледно сè уште под стрес од драмата.

Инаку, епидемијата на короната ги одложи и плановите за производство на „Невозможна мисија 7“, па новите авантури на Том Круз како агент на Итан Хант треба да пристигнат во киносалите на 27 мај 2022 година.

Слични содржини