Неверојатно сведоштво на британски автор: Пандемијата на коронавирус можеше да се предвиди

од Nikola Popovski

Пандемијата на новиот коронавирус KОВИД-19 не можеше да биде попредвидлива, пишува за Би-Би-Си, Брајан Волш, дописник на „Аксиос“ и автор на „Крајот на времето: краток водич за крајот на светот“.

Волш се сеќава дека во октомври 2019 година,  гледал симулација која вклучува фиктивна пандемија предизвикана од новиот коронавирус, во која загинале 65 милиони луѓе и дека во изминатите 15 години постоеле голем број написи и студии кои предупредувале дека е само прашање на време кога ќе избие глобална пандемија, од која ќе произлезат нови респираторни заболувања.

Во интервју за BBC Future во 2018, експертите изјавиле дека веруваат дека има милиони неоткриени вируси во светот и дека шансите за пандемија, предизвикана од некои нови се доста веројатни.

Во 2019 година, Канцеларијата за здравство и услуги симулирала вежба, наречена „Crimson Contagion“ за замислена пандемија на грип, која се ширела од Кина ширум светот и предвидела дека 586.000 ќе починат само во САД.

Брајан Волш посочува дека ниту војните, земјотресите, ниту вулканите не убиле скоро исто толку луѓе колку што биле убиени од вируси, бактерии и паразити. Така, се вели дека околу половина милион луѓе умираат од маларија секоја година. Чумата на Јустинијан убила околу 50 милиони луѓе во шестиот век, или веројатно половина од светското население во тоа време.

На прашањето зошто патогените микроорганизми се толку ефикасен масовни убијци, Волш посочува дека тие се самореплицираат – инфицираат во домаќинот, кој станува фабрика за производство на уште повеќе вируси, бидејќи бактериите се репродуцираат во соодветно опкружување.

Сепак, Волш забележува дека иако бројот на заразни смртни случаи се намалува, тие не исчезнале, и дека во изминатите сто години бројот на нови заразни болести, како што се КОВИД-19, САРС или ХИВ, се зголемил за четирипати, а само од 1980 година за трипати.

„Микробите еволуираат 40 милиони пати побрзо од луѓето. Антибиотиците спасиле стотици милиони, но бактериската отпорност кон нив исто така расте. Климатските промени, исто така, раширија болести на животни или инсекти, како што е вирусот зика. На ширењето на болеста влијание и човечката психологија, така што со порастот на движењата против вакцинирање, бројот на заболени од морбили е зголемен, вели Волш.

Слични содржини